Запознајте го „Оли“

1Американската компанија Local Motors, позната по „производство на автомобили со 3D-печатач, нуди нова интересна креација наречена Olli, способна да превезе до 12 патници.

2Димензиите на машината-робот се должина 3.920 mm, ширина 2.050, висина 2.500, меѓуоскино растојание од 2.526 mm, со маса од 1.500 kg. Во конструкцијата на уникатната изведба се користат челик, алуминиум и пластика. Автономното возило е создадено во соработка со специјалисти на IBM и деновиве се најде на тест на патиштата за општа употреба во Вашингтон, под надзор на стручни лица, а Local Motors ја презеде целосната одговорност, ако случајно дојде до несреќа. Ситуацијата околу возилотио се контролира од над 30 елементи, вклучувајќи радар, адаптивен круз контол, трансивер со GPS, а компјутерската работа е раководена од посебен систем на IBM Watson. Електромобилот робот се движи по строго предодреден пат. Движењето може да се следи преку специјална онлајн апликација. Плановите за Olli вклучуваат движење и по универзитетски кампуси и на аеродроми.

3

Olli има електромотор EMRAX 228 со моќност од 30 kW (40 КЅ, 125 Nm), максималната брзина е 20 km/h. Енергијата на акумулаторот e доволна за 58 километри во градски услови. Целосното обновување на системо со енергија во акумулаторот е од електричната мрежа за 4,5 часа.

4

Интересен момент е додаден од IBM – патниците можат да разговараат со Olli, кој раскажува за себе, одговара на прашања, препорачува добри ресторани и историски места. Кон крајот на годината електромобилот ќе се појави во Мајами и Лас-Вегас, а за него веќе се заинтересирани, Данците, Норвежаните, Холанѓаните…

5

Автоплус

- Реклама -