Табановце: Одземени 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Секторот за контрола и истраги на Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички, со вкупна проценета вредност од 1,2 милиони денари. Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „криумчарење“, согласно Кривичниот законик.

Осомничениот бил запрен за контрола од мобилен царински тим во внатрешноста на државата, веднаш по влегувањето преку граничниот премин Табановце. При извршената контрола пронајдени се 4.752 пакувања никотински ќесички, како и дополнителни 48 пакувања со снус, кои покрај никотин содржат и тутун. Стоката и возилото се запленети, а лицето е приведено на сослушување од страна на инспекторите за истраги.

Според информации од Царинската управа, во текот на предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое минатата година била поднесена кривична пријава за прикривање криумчарена стока, конкретно цигари без акцизни маркички и царинска измама. Откако истрагата ќе биде целосно завршена, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за криумчарење.

Прочитајте и:  Автобус падна во провалија на Канарските Острови.