Финска секоја година има проблем со недостаток на работна сила за берење на јагоди, затоа што сместувањето, храната и платата од 10 до 12 евра од час не е доволно за граѓаните од поранешниот источен блок!
Финските земјоделци стравуваат дека оваа година ќе изгубат голем дел од родот на “националното” овошје, поради недостаток на работна сила.
Топлотниот бран кој ја зафати Финска, предизвикал јагодите да созреат многу порано од вообичаено. Бербата другите години започнувала во средината на Јули, а завршувала на крајот од Август.
Како што истакнал Исмо Рутиаинен, прецедател на Здружението за одгледување јагоди, поради топлото време јагодите веќе започнале да зреат, а периодот помеѓу созревањето на јагодата и почетокот на трулење е многу краток.
Сите заинтересирани можат да се јават на следниве кантакти, задолжително само на Англиски јазик.
Rajakatu 2
FIN-77600 SUONENJOKI
Tel./Fax +358 (0)17 511 991
Mobile Tel. +358 (0)400 272 852
E-mail: marja.suonenjoki@ssmy.inet.fi
или на интернет сајтот!