Изнајмувањето автомобил на атрактивните туристички дестинации полека но сигурно прераснува во потреба.
Истражувањето на непознатите предели и одењето на најоддалечените плажи станува многу полесно кога се одлучувате за рент-а-кар, а ние ви пренесуваме неколку совети со кои ќе заштедите…
Одберете локална компанија
Речиси во секое туристичко место постои филијала на огромните меѓународни рент-а-кар компании. Држете се понастрана од нив. Ваквите компании имаат унифицирани ценовници кои значително ќе ви ги зголемат трошоците за изнајмување на автомобил. Одлучете се за помалите, локални рент-а-кар бизниси кои секогаш нудат подобри услови и пониски цени.
Не изнајмувајте од аеродроми
Никогаш не земајте рент-а-кар на аеродром. Доколку со такси или локалната автобуска служба поминете само неколку километри до најблискиот град, ќе го добиете истиот автомобил, од истата компанија за цена пониска дури и до 50%.
Резервирајте порано
Најдобрите зделки за изнајмување автомобил се прават месец до два пред да пристигнете на саканата дестинација. Но не заборавајте дека цените се менуваат постојано, па затоа проверувајте повеќе пати. Доколку се случи цената да се намали, откажете ја резервацијата (не се наплатуваат пенали) и резервирајте повторно.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk