Заштедете: Загрејте го станот со обична алуминиумска фолија

Оние кои го испробале овој метод тврдат дека топлината се зголемува како да вклучите уште еден радијатор.

Доколку сакате во овие студени денови да го затоплите станот, а за тоа да не плаќате дополнително, ви предлагаме одличен совет – евтин и практичен.

Совет 1

Залепете на ѕидот зад радијаторот било кој рефлектирачки материјал, да речеме алуминиумска фолија за домаќинство или фолија за заштита на ветробранско стакло за автомобил од сонце. Радијаторот ќе престане да го грее ѕидот, што значи дека температурата нема да струи низ ѕидовите, туку ќе се рефлектира право во собата.

Совет 2

Залепете парче алуминиумска фолија на картон, така што блескавата страна од фолијата да биде надвор, па ставете го картонот меѓу ѕидот и радијаторот. Нормално, страната со фолијата треба да биде насочена кон радијаторот, се разбира без да го допира, ни во првиот ниту во вториот случај. Вака топлината ќе се одбие од површината на фолијата и ќе се врати во вашиот дом, наместо да ја „впијат“ ѕидовите.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -