Како полесно да заспиете во жешките летни вечери?

Топлите ноќи не ни дозволуваат да се опуштиме и лесно да западнеме во длабок сон. Се чувствуваме изнемоштено, се потиме и превртуваме и многу тешко заспиваме. Сепак, постојат одредени нешта што може да се направат за полесно заспивање.

Внимавајте со телесната активност пред спиење

Иако вежбањето и телесната активност се здрави, избегнувајте ги барем три часа пред спиење. Телесната активност ја зголемува температурата на телото, а со тоа и работата на срцето, па и на сите други органи. Многу тешко ќе заспиете во жешките летни ноќи по интензивна телесна активност.

Внимавајте со изложеноста пред монитор или ТВ пред спиење

Истражувањата покажуваат дека е потребно барем еден час, телото да се „излади“ од прекумерната изложеност од електронските уреди. Одењето на спиење веднаш откако ќе станете од компјутерот или телевизорот воопшто не е добра идеја, бидејќи тие ги намалуваат хормоните кои се одговорни за заспивање.

Внимателно со течностите пред спиење

Во лето е многу важно да се внесуваат што е можно повеќе течности. Сепак избегнувајте голема количина на течности час или два пред спиење бидејќи ќе дојдете до ситуација кога треба да се препуштите на сонот да мора да одите до тоалет. Исто така не одете ниту жедни во кревет, бидејќи тоа не е здраво за организмот, а згора на тоа ќе морате пак да станувате за да ја изгаснете жедта. Со неколку збора кажано, направете баланс на внесот на течности пред спиење.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Пред спиење внимавајте што читате

Немојте пред спиење да се занимавате со возбудливи психолошки романи, тие само ќе го разбудат мозокот и ќе ви биде многу тешко да заспиете.

Не работете ноќе

Ова особено важи за летните вечери. Работата целосно ќе го активира мозокот, па откако ќе си легнете ќе ви требат часови за да престанете да мислите на неа и да можете да заспиете.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -