Утрово на зградата на скопскиот аеродром се поставни буквите со новото име – „Меѓународен аеродром Скопје“. Старите беа отстранети на 24 февруари.
Аеродромот беше преименуван нешто порано истиот месец, а преименуван беше и автопатот „Александар Велики“ – во „Пријателство“.
Во меѓувреме беше остранет и споменикот на Александар Македонски во зградата на аеродромот.
Меѓународната ознака на аеродромот – „СКП“, останува иста.