Завршна Конференција: „Општините пријател на младите – Mладинското учество во фокус“

Националниот младински совет на Македонија во рамки на проектот “Заедници инклузивни за млади” организира  конфeренција „Општините пријател на младите – Mладинското учество во фокус“, што ќе се одржи во Скопје на 12 август 2024 година во „Рагуза 360“

Овој настан претставува кулминација на проектот, кој што во текот на претходните години беше посветен кон подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот. Со особена гордост, на овој настан ќе го одбележиме и Меѓународниот ден на младите, кој се прославува токму на 12-ти август. 

Конференцијата ќе биде составена од две панел дискусии: „Импактот на проектот врз зголемување на младинското учество“ и „Споделување на успех и добри практики за зголемено младинско учество“. На овој настан, со особена гордост, ќе го одбележиме и Меѓународниот ден на младите, кој што се одбележува токму на 12-ти август.

Конференцијата ќе биде посветена и на доделување на награда за една од општините во нашата земја која согласно претходното истражување спроведено како дел од активностите на проектот се издвојува како отворена, инклузивна и општина која работи во насока на подобрување на локалното владеење и вклучување на младите.  Ова престижно признание, ги слави општините кои прават значителни чекори во создавањето инклузивни, ангажирани и поддржувачки средини за младите луѓе.
Рокот за пополнување на формата е до 8ми август (четврток). 

https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdM…/viewform

Овој настан е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“, кој се спроведува во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип , Платформата за зајакнување на младите од Гостивар и Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал Битола, со поддршка од Европската Унија.

- Реклама -