Здрави навики со кои можете да претерате

Сон Сигурно веќе безброј пати сте чуле од постарите дека сите нешта со кои ќе претерате стануваат штетни за вас. Верувале или не, дури и здравите навики спаѓаат во оваа категорија. Што би се рекло – премногу здравје не е здраво!

Сигурно веќе безброј пати сте чуле од постарите дека сите нешта со кои ќе претерате стануваат штетни за вас. Верувале или не, дури и здравите навики спаѓаат во оваа категорија. Што би се рекло – премногу здравје не е здраво!

СонПремногу спиење

Многу е важно секогаш да сте добро одморени. Но, кога ќе се изнаспеиете до доцна (преку 9-10 часа), најчесто преку викендот, веднаш ви се јавува главоболка. Ова се случува затоа што кога спиете дишете побавно, а со тоа се ослободувате од помалку јаглерод диоксид. Со насобирањето на гасот, вие добивате чувство како некој да ве прегазил.

Ако пак постојано имате потреба од многу сон, ако постојано се чувствувате уморно и спиете секојдневно преку десетина часа, можеби треба да се консултирате со лекар. Ваквата навика може да доведе до депресија, заболување на срцето, па дури и прерана смрт.

Премногу витамини

Сигурно и до сега имате чуено дека можете да се предозирате со витамини. Но, постои разлика од витамини до витамини. Оние што се раствораат во вода (како C) и не се толку страшни. Откако организмот ќе искористи колку што му треба, остатокот го исфрла преку урината. Проблематични се оние што се раствораат во масти. Истите, ако се внесуваат подолг период, се напластуваат во масните наслаги и ако достигнат одредено ниво, можат да предизвикаат паѓање на косата, веѓите итн., пукање на усните, огрубување на кожата и сл.

Витаминот А го има во јајцата, млекото, таблетите со мултивитамини и најмногу во енергетските чоколатца. Сега, замислете колкави количини ќе внесете доколку ги конзумирате сите овие нешта во истиот ден. Нормално, одвреме-навреме ова нема да е страшно, но доколку истото го правите постојано, тогаш гореспоменатите ефекти ќе бидат неизбежни. Затоа, секогаш кога конзумирате витамински додатоци, консултирајте се со лекар.

Премногу вежбање

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Луѓе кои имаат проблем со тежината и кои одеднаш се решаваат да почнат со вежбање, најчесто ја прават основната грешка – вежбаат како да сакаат што побргу да завршат со таа активност засекогаш. Но, доколку вежбањето е ваш пат до здравјето, мора да знаете дека се работи за активност што ќе биде со вас до крајот на животот и морате да одите чекор по чекор.

Ако одеднаш почнете со многу вежбање, постои шанса да се здобиете со незгодни повреди, да се откажете многу бргу затоа што поставената цел е преголема, да оштетите делови од телото кои не се навикнати на толкав напор. Затоа, ако започнувате со режим на вежбање, на пр. трчање, тогаш започнете со пешачење, па лесно џогирање, за на крајот да стигнете до посакуваното темпо. Ако одите во теретана, наместо еден час, од почеток останувајте само половина час итн. Постепеноста е многу важен чекор во вежбањето! Исто така, вежбањето во групи е многу полесно, па ако имате пријател кој ќе вежба со вас, натерајте го!

Премногу четкање заби

Оралната хигиена е повеќе од важна. Лоша орална хигиена може да доведе до едно чудо болести. Но и премногу орална хигиена може да доведе до несакани ефекти. Сите пасти за заби содржат одредена количина абразиви за да се отарасат од дамките на забите. Ако четкате пречесто и премногу, тогаш може да почнете да го трошите заштитниот слој на забите. Затоа, најдобро е да ги миете забите 2 до 3 пати во денот, употребувајќи паста колку зрно грашок.

- Реклама -