Здравјето нагло му се влоши на Бора, а „Рибља чорба“ ги откажа сите концерти


Групата „Рибља чорба“ мораше да ги откаже концертите поради „нарушената здравствена состојба“ на пејачот Бора Ѓорѓевиќ, објавија музичарите на својата официјална Фејсбук страница.

Според информациите, групата засега нема да настапува бидејќи лекарите му забраниле да патува и да се изложува поради тешка пневмонија.

„Поради нарушена здравствена состојба, лекарите му забранија на Бора да патува и да се напрега поради тешко воспаление на белите дробови како и влошување со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави, ќе се видиме на нови собири“, соопшти музичката група.

Здравствената состојба на фронтменот на бендот веќе некое време не е баш добра, а не е првпат бендот да се огласува во оваа прилика. Имено, во декември минатата година, по наредба на лекарите на Бора, тие мораа да ги разочараат своите верни фанови.

„Ѝ се извинуваме на рајата што нема да можеме заедно да ја дочекаме Новата година во Ниш и во Бор. Лекарите му забраниле на Бора да патува и да се напрега бидејќи има тежок грип како и проблеми со хронична опструктивна белодробна болест. Секако како и секогаш ќе ги победиме болестите и штом Бора се опорави еве сме на нови собири. Им се извинуваме на организаторите, како и на сите на кои им ги уништивме плановите. Те сакаме, Среќна Нова Година“, пишува бендот.

Рок групата „Рибља чорба“, предводена од поетот и пејач Бора Ѓорѓевиќ, вчера го прослави својот роденден, на што потсети на својата Фејсбук страница со објавата дека е основана на 15 август 1978 година.

- Реклама -