Зелени фасади во Виена против климатските промени

Со цел да ги охрабри граѓаните и деловните субјекти да учествуваат во акцијата за ладење на просторот за живеење во најжешките месеци од годината, градската власт планира да позелени 50 фасади на најгусто населените улици во Виена.

Сите оние кои ќе земат учество во „зелена авантура“, ќе им бидат достапни  садови со капацитет од 300 литри, сврзувачки елементи, подлоги и ползавци , кои можат да претворат зелена површина од 8 м². Покрај тоа, обезбедено е испорака и склопување на материјалот, како и сите потребни информации за одгледување и грижа на растенијата.

За овој проект се издвоени 500.000 евра. Покрај озеленувањето на фасадите, стучен тим научници, претприемачи и членови на градската управа на Виена работат и на пошумување на градот, создавање на нови зелени површини, водени игралишта и слично, наведуваат во соопштението претставници од градот.

 

- Реклама -