Зеленски: Ако сакавме да ја заземеме нукларната централа во Курск, ќе ја заземевме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека украинските сили никогаш немале намера да ја заземат нуклеарната централа во регионот Курск за време на упадот во тој руски регион на почетокот на август.

Москва неколку пати го обвини Киев дека планира напад на нуклеарната централа Курск, што Украина го негираше.

„Русите мислат дека се многу силни, но ако сакавме да ја заземеме нивната нуклеарна централа, ќе го направевме тоа. Можевме да го направиме тоа, но не сакавме. Разбираме дека тоа би значело дека ние сме исти како Русија“, рече Зеленски, пренесува Киев Индипендент.

Тој додаде дека Украина не ја окупира клучната руска инфраструктура, „како што направи Русија со окупацијата на нуклеарната централа Запорожје“.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин
- Реклама -