Британскиот премиер Борис Џонсон, кој е во посета на Киев, ѝ понуди на Украина помош за обука на вооружените сили на земјата на територијата на европските земји.
Тој предложи да се спроведе голема операција за обука на украинските сили, која за 120 дена ќе овозможи обука на 10.000 војници.
Во предлогот на Џонсон се наведува дека на секои четири месеци ќе може да се обучуваат до 10.000 украински војници.
Џонсон во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Британскиот премиер објави фотографии од него и Зеленски и напиша „Господине претседателе, Володимир, добро е повторно да се биде во К иев“.
Тоа е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.
Фотографии објави и Зеленски, со порака дека Велика Британија и Украина се повеќе од партнери:
„За време на војната, нашите земји поминаа долг пат од партнери до пријатели и браќа. Борис Џонсон, секогаш е задоволство да се видиме. Засекогаш сум благодарен за вистинската помош и поддршка“, напиша Зеленски.