Зеленски: Му кажав на Трамп дека Путин единствено се плаши од него… и можеби од Кина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски му рекол на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека рускиот лидер Владимир Путин се „плаши“ само од Трамп.

– Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него и, можеби, од Кина, напиша Зеленски на X.

Украинскиот претседател одржа трилатерална средба со Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон изминатиот викенд во Париз, со кои разговараше за руската инвазија.

– Само решителност може да ја доведе оваа војна до крај и да обезбеди долготраен мир, рече Зеленски.

Toj додаде дека Америка има капацитет да прави извонредни работи што другите не успеале да ги направат.

– За успешно завршување на оваа војна ни треба единство на Америка, Европа и сите во светот кои ја ценат безбедноста, силните позиции и гаранциите за мир, рече Зеленски.

Прочитајте и:  САД вложуваат 700 милиони долари во јагленот и најавија изградба на нови термоелектрани.