Зеленски на Бајден му подари медал „Херој на Украина“ од еден од војниците во Бахмут (ВИДЕО)

„Голема чест“ е да се биде во Белата куќа, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски поздравувајќи се со американскиот претседател Џо Бајден, заблагодарувајќи му за поддршката, како од американската влада, така и од обичниот американски народ.

„Храброста и издржливоста на Украинците го инспирираа целиот свет“, возврати Бајден. Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин ги ескалира нападите на цивилите и се обидува да ја искористи зимата како оружје и затоа САД, како што рече, „ќе ја поддржат Украина во настојувањата да постигне праведен мир“.

За време на средбата, Зеленски му подари на Бајден и воен медал за заслуги „Херој на Украина“, кој како што рече, му припаѓа на украински војник во Бахмут кого го сретнал вчера при посетата на фронтот, а кој сакал своето одличје да му го подари на „храбриот американски претседател“.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

„Прав херој, прав капетан ме замоли да му го предадам неговиот медал на храбриот претседател. Затоа, сакам да ви го подарам овој крст за воена заслуга“, рече Зеленски.

„Која голема чест!“, возврати Бајден. „Не сум ја заслужил, но ми е голема чест“, рече тој.

Заедно со медалот, Зеленски на Бајден му предаде и писмо од војникот, за кое рече дека не го прочитал.

„Херој на Украина“, инаку, е највисоката почест која претседателот на Украина може да му ја додели на граѓанин.

- Реклама -