Зеленски награди 226 украински војници

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им оддаде почит на 226 војници, од кои 183 постхумно.

Според денеска објавениот пресек, наградите се доделуваат за храброста која ја демонстрираа во одбраната на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, како и за нивната безусловна посветеност во исполнување на воената должност.

На 27 јуни, Зеленски веќе награди 283 војници.