Зеленски: Нема одржлив мир доколку Украина не ја врати контролата над Крим

Не може да има „одржлив мир“ во Украина доколку Киев не ја врати контролата врз Крим, Донбас и другите територии окупирани од Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски ова го изјави на бизнис форумот на Европската куќа Амброзети во Италија, пишува Гардијан.

Весникот додава дека руски и меѓународни претставници објавиле дека во моментов нема изгледи за директни мировни преговори меѓу Украина и Русија, бидејќи војната сѐ уште беснее, а Киев се обидува да ја врати територијата преку контраофанзива.

МИА

Прочитајте и:  Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема
- Реклама -