Зеленски од Лондон ги повика сојузниците да го обезбедат „неопходното оружје“ за да се запре руската инвазија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги повика сојузниците на Киев да го обезбедат „неопходното оружје“ за да се запре руската инвазија. Изјавата тој ја даде за време на посета на Велика Британија, соопшти украинското претседателство.

Зеленски „ја истакна важноста Украина да го добие потребното оружје од сојузниците за да ја запре руската офанзива и да бидат ослободени сите привремено окупирани украински територии“, се вели во соопштението на претседателството по средбата на украинскиот претседател со британскиот премиер Риши Сунак.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -