Зеленски: Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, снабдувањето со оружје за Украина е намалено

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека испораката на клучни артилериски гранати во неговата земја е намалена по почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Испораките се намалени. Сите се борат за своите залихи. Тоа е животот, не велам дека е позитивен, но тоа е живот и ние мора да го браниме она што е наше“, рече Зеленски.

Тој посочи дека е намалена испораката на гранати од 155 милиметри, што се користат на линијата на источниот и јужниот фронт во Украина.

МИА

Прочитајте и:  Словачкиот премиер Фицо „со задоволство“ ќе присуствува на прославата на Путин на 80-годишнината од победата над нацизмот
- Реклама -