Зеленски открива што го попречува мировниот процес со Москва

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека процесот на мировни преговори со Русија е во застој. Тој укажа на ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, особено тензиите помеѓу Израел и Иран, како главен фактор за оваа ситуација. Во интервју за медиумот Блумберг, Зеленски нагласи дека Киев не располага со нови информации од Москва или Вашингтон во однос на продолжувањето на разговорите, кои беа прекинати по последната рунда во Женева.

Тој истакна дека развојот на настаните околу Иран може да има директно влијание врз динамиката на мирните преговори, додавајќи дека сè зависи од понатамошниот тек на настаните во регионот. Зеленски повика на задржување на санкциите против Русија од страна на САД и Европа, предупредувајќи дека евентуалното ублажување, особено што се однесува на пристапот до системот SWIFT, може да претставува сериозна опасност за Украина.

Прочитајте и:  (Фото) Излезе од патеката, но не се предаде: Иџе ја заврши трката со оштетено Ферари

Исто така, тој потврди дека не добил конкретни предлози за примирје во пресрет на 9 мај, денот кога Русија го слави Денот на победата, оценувајќи дека евентуалното краткорочно примирје може да се искористи за тактички цели. Украинскиот претседател нагласи дека Киев е подготвен да поддржи сериозни иницијативи за прекин на огнот, особено оние што се наменети за заштита на цивилите и размена на заробеници.