Зеленски: Преговори со Русија се можни само по нејзиниот пораз (ВИДЕО)

Руските воздушни напади од 10 октомври наваму уништиле 30 отсто од украинските електрани и клучна инфраструктура, a Украина е доведена во критична ситуација. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, ваквата тактика е „уште еден вид на тероризам“ и поради тоа „нема простор за преговори со режимот во Москва“.

Во видеото кое Зеленски го сподели на Твитер, пренесена е изјава на рускиот претседател Владимир Путин.

„По барање на руското Министерство за одбрана, лансиравме голем ракетен напад таргетирајќи ги енергетскиот, воениот и логистичкиот сектор на Украина“, вели Путин во исечокот, по што прилогот споделува податок дека на 10 октомври Русија лансирала уште еден масовен напад врз цивилни објекти ширум Украина – за само еден ден, се посочува, 84 проектили и 24 мунициски дронови убиле 19 Украинци.

Нападите, се потенцира, следуваа набрзо откако Кремљ понуди мировни преговори:

„Го повикуваме Киев да седне на мировни преговори со нас“, порачува Путин во следната прикажана изјава, по што следува одговор од Зеленски:

Прочитајте и:  Турција бара од САД да биде изземена од санкциите за рускиот гас

„Тој (Путин) го вели ова, а во меѓувреме лансира 100 проектили кои го погодуваат центарот на Киев. Москва бара мир, а истовремено го крши меѓународното право“, цитиран е Зеленски, по што следува потсетување дека ПССЕ го прогласи рускиот политички режим за „терористички“.

„Терористите можат да се неутрализираат само преку пораз. Тероризмот е криминал кој треба да се казни. Преговори со Русија се можни само по нејзиниот пораз“, порача Зеленски.

- Реклама -