Русија ќе биде поразена на ист начин како што беше поразен нацизмот во 1945 година, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Старото зло што го донесе модерна Русија ќе биде победено на ист начин како што беше поразен нацизмот“, рече Зеленски по повод победата на сојузниците над нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна.
„Како што тогаш заедно уништувавме зло, така и сега заедно уништуваме слично зло. Ова зло, иако денес е различно, има иста цел: поробување или уништување“, рече Зеленски во видеото, објавено на социјалните мрежи.
Зеленски го сними говорот пред големата воена парада во Москва, на која ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.
„Ќе победиме!“, рече Зеленски пред меморијалниот комплекс на Втората светска војна во Киев.