Украинските воени блогери изминатите денови објавија дека руските сили напредуваат кон градот Вухледар, кој за време на војната го бранеа украинските сили, на југот на регионот Донецк
Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека ситуацијата на линијата на фронтот на војната со Русија, која трае повеќе од две и пол години, е „многу, многу тешка“ и дека украинските сили мора да направат се што можат во текот на есенскиот период.
„Извештаи за секој од нашите сектори од линијата на фронтот, нашите способности, идни способности и нашите специфични задачи: Ситуацијата е многу, многу тешка“,
рече тој во своето редовно видео обраќање, осврнувајќи се на два и полчасовната средба со највисоките команданти.
Finished a meeting with military leaders, the Government, and the Office, summarizing the visit to the United States. Our teams – both Ukrainian and American – are already working on everything we discussed in New York and Washington, and we are now preparing for the upcoming… pic.twitter.com/PEpMLtCE3R
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 30, 2024
„Се може да се направи оваа зима, се што можеме да постигнеме мора да се постигне“,
додаде тој.
Украинските воени блогери изминатите денови објавија дека руските сили напредуваат кон градот Вухледар, кој за време на војната го бранеа украинските сили, на југот на регионот Донецк.
Руските сили, исто така, полека напредуваат на север со месеци, со цел да го освојат целиот регион Донбас, составен од Донецк и Луганск.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека московските сили го зазеле селото Нелипивка, јужно од градот Торечко, една од руските цели во областа.