Зеленски: Успешно спречивме рафинерија во Русија на растојание од 500 километри од Украина

Најголемата рафинерија за нафта во Москва ја прекина работата по синоќешниот напад со дронови од Украина, потврдуваат два извори запознаени со случувањата. Според нив, во нападот, за кој одговорноста ја презеде Украина, избувнал пожар и бил сериозно оштетен главниот погон CDU-6, кој има дневен капацитет на преработка од околу 21.400 тони нафта. Овој капацитет претставува повеќе од половина од вкупниот капацитет на рафинеријата. Изворите додаваат дека се очекува рафинеријата наскоро да продолжи со работа преку друг погон, кој може да преработува околу 18.800 тони нафта дневно.

Иако руските служби за итни случаи претходно соопштија дека пожарот е изгаснат и дека нема влијание на функционирањето на објектот, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека рафинеријата претрпела оштетувања. Оваа рафинерија, во сопственост на „Газпромњефт“, се наоѓа во југоисточниот дел на Москва и е еден од главните извори за снабдување на руската престолнина со гориво.

Прочитајте и:  Една изборна единица повторно во центарот на вниманието: Претседателката повика на усогласување за Изборниот законик.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на украинските сили кои учествувале во нападот. „Овој пат Московската област го почувствува дометот на украинските далекусежни способности. Погодена е рафинерија на оддалеченост од 500 километри. Ова е праведен одговор на руските напади и на одолговлекувањето на војната“, изјави Зеленски.