Зеленски за експлозијата во Полска: Русија изврши напад врз колективната безбедност, мора да се преземе акција

„Неопходна е акција по руските ракетни напади врз територија на НАТО“, повика украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва по експлозијата во Пржеводов во Полска.

Според него, денеска се потврдило тоа на кое постојано предупредувал.

„Денеска Русија изврши уште еден масовен ракетен напад. Вкупно 90 ракети. Погодени енергетски системи, бизниси, станбени згради.

Денеска се случи и она за што долго предупредувавме. Теророт не е ограничен само на нашите државни граници. Руски ракети ја погодија Полска, преку територијата на нашата пријателска земја.

Колку пати Украина зборуваше за тоа дека теророт нема да биде ограничен само во границите на нашата земја? Полска, балтичките земји… Прашање на време е кога ќе се прошири рускиот терор“, рече Зеленски.

Тој порача дека „на терористот треба да му се покаже неговото место“. Колку повеќе Русија се чувствува неказнива, толку поголеми, рече, ќе бидат заканите за сите до кои можат да докачат руските ракети.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

„Лансирање ракети преку територијата на НАТО… Ова е руски ракетен напад врз колективната безбедност! Ова е многу значајна ескалација. Мора да се преземе акција“, повика Зеленски.

Тој им се обрати и на Полјаците:

„И сега сакам да им кажам на сите наши полски браќа и сестри: Украина секогаш ќе ве поддржува! Теророт нема да ги ослободи луѓето! Победата е можна кога нема страв! Ние го немаме со вас.

Русија стои против себе пред светот. Русија губи на бојното поле. Русија нè тероризира и нас и сите што може да ги достигне. Ќе направиме сѐ за да ја спречиме!“, порача украинскиот претседател.

- Реклама -