Ве плаши ли раната смрт? Сакате да доживеете длабока старост? Еве што треба да направите – најдете си до кај 15 години помлада жена од вас и оженете ја!
Ве плаши ли раната смрт? Сакате да доживеете длабока старост? Еве што
треба да направите – најдете си до кај 15 години помлада жена од вас и
оженете ја!
треба да направите – најдете си до кај 15 години помлада жена од вас и
оженете ја!
Најновото истражување на германскиот институт Макс Планк покажало дека мажите живеат подолго доколку се оженат со помлада жена. Шансите за тој порано да умре се намалуваат за една петтина ако сопругата е 15 до 17 години помлада од него.
Ризикот од прерана смрт се намалува за 11% кога партнерката е помлада од мажот 7 до 9 години. Истражувањето покажало дека оние, кои пак имаат постара парнерка имаат поголеми шанси да починат порано.
Што се однесува на жените, старосното доба на нивните партнери воопшто нема никакво влијание врз должината на нејзиниот животен век. Оние чии сопрузи се постари или помлади 7 до 9 години имаат 20% поголеми шанси да починат порано, а доколку пак разликата е од 15 до 17 години шансите за истото се дури 30% повеќе. Научниците наведуваат дека бројките кои им се од корист на мажите се резултат на природна селекција. Со други зборови само најздравите и најуспешните стари мажи можат да привлечат помлади жени.
А друга пак теорија, е дека млада жена повеќе ќе се грижи за својот сопруг, заради што тој ќе живее подолго, е доколку таа е помлада. Во истражувањето се опфатени смртните случаеви помеѓу 1990 и 2005 година на целокупното население во Данска. Мажите во Европа во просек стапуваат во брак со три години помлади жени од нив.