Земјите-членки на ЕУ ќе обучуваат дополнителни 15.000 украински војници

Земјите-членки на Европска Унија ќе обучат дополнителни 15.000 украински војници, со што вкупниот број војници кои ќе поминат обука ќе се искачи на 30.000, соопштија неименувани извори од ЕУ.

Постоечката мисија за обука почна во ноември минатата година и има за цел да обезбеди индивидуална, колективна и специјализирана обука на вооружените сили на Украина. Мисијата има за цел да ѝ помогне на украинската армија да ја одбрани својата територија и да го заштити цивилното население, а почна како одговор на украинското барање по руската инвазија.

Зголемувањето на бројот на обучени војници се очекува официјално да го објават претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел, за време на средбата со украинските лидери во текот на неделата.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

МИА

- Реклама -