Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML од 3,2 степени е регистриран вечерва во 21 часот и 28 минути, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот, според ЕМСЦ, бил на 13 километри од Берово и на длабочина од 12 километри.