Земјотресот во Јапонија се почувствувал и во вселената

Земјотресот што пред две години на денешен ден ја погоди Јапонија бил толку силен што неговите ефекти се почувствувале во вселената, соопшти  Европската вселенска агенција – ЕСА.

Научниците велат дека земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала што на 11 март 2011 ја погоди Јапонија пренел звучни бранови низ атмосферата што ги забележал истражувачкиот сателит „Goce“ (Gravity field and steady-state Ocean Circulation Explorer).

article-1365569-0B2723EA00000578-771_964x639

Ова откритие е објавено во магазинот „Геофизички истражувања“. Исклучително чувствителната опрема на сателитот регистрирала промена на 255 километри од земјата, пренесува BBC.

4755423_f520

Одамна е познато дека силните земјотреси може да произведат акустични бранови со ниска фрекфенција или инфразвуци, кои човековото тело не може да ги регистрира, но ниту едно вселенско летало во орбитата, до сега, не регистрирало такви бранови.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

bp24

Во Јапонија денеска ќе биде одбележана двегодишнината од разорниот земјотрес и цунами кои што однесоа над 15 000 животи.

- Реклама -