Жените имаат негативни мисли за своите тела четири пати на ден

Секоја втора жена што е незадоволна со изгледот на своето тело и со конфекцискиот број што го носи за тоа обвинува друга жена, а најчесто тоа е токму нејзината пријателка, покажуваат резултатите од истражувањето што го спроведе британскиот таблоид Sun.

Истражувачите сакале да ја откријат реалната претстава што денешните жени ја имаат за своето тело. Резултатите покажуваат дека дури 59 отсто од жените имаат лошо мислење за своето тело и не се задоволни од конституцијата и од телесната тежина, а имаат негативни мисли за своите тела дури четири пати на ден.

За овој недостиг на самодоверба дури 45 отсто од нив ги обвинуваат другите жени, а според нивните зборови, за тоа се виновни негативните погледи на останатите девојки, кои така ги нагласуваат нивните недостатоци.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Исто така, жените постојано си создаваат непотребни грижи со споредувањето на останатите жени што се во нивната околина. Истражувачите дошле до заклучок дека 54 отсто од девојките им завидуваат на своите пријателки и колешки поради надворешниот изглед.

Иако постојано размислуваат за конфекцискиот број на облеката, жените, сепак, не инсистираат на тоа дека манекнската линија е идеална. Секоја осма испитаничка се изјаснила дека преслабите жени што општеството ги наметнува како идеални, не изгледаат добро. Дури 42 отсто сметаат дека конфекцискиот број 40 е идеална големина на женска облека. [What women REALLY think of their bodies]

- Реклама -