Жените преферираат да бидат домаќинки

Резултатите од истражувањето кои опфатиле скоро две илјади вработени жени над 25 години, биле шокантни посебно за модерните феминистки.

После децениски борби за рамноправност на работното место, многу Британки признале дека повеќе би сакале да бидат домаќинки отколку да имаат успешни кариери. Сепак, тајната на нивната желба е притисокот кој го чувствуваат за да живеат независно.

Верувале или не, дури 62% жени признале дека потајно копнеат за тоа да бидат домаќинки. Истражувачите притоа ги прашале дали би се нарекле себе независни жени, на што дури 65% од испитаничките одговориле дека да, но само бидејќки чувствуваат голем притисок од околината дека така треба да биде.

Some-Diet-Tips-For-Career-Women-Or-Women-Who-Are-Busy

Повеќе од половина испитанички признале дека повеќе би сакале да работат во домаќинството, поради тоа што бркањето на кариера воглавно е навистина стресно. Она што секако е најинтересно во ова истражување е податокот дека 78% од жените изјавиле дека не би им пречело финансиски да завистат од своите партнери.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

„Шокиран сум што поголемиот број жени порадо би работеле дома отколку во некоја компанија. Често слушаме за тоа како треба да ги охрабриме независните жени. Сепак, најшокантно во ова истражување е тоа што на жените не би им пречело да ги издржува мажот“, изјавил уредникот на сајтот mycelebrityfashion.co.uk, кој воедно и го спровел истражувањето.

- Реклама -