Жените со големи задници се поинтелигентни и поздрави

Жените со изразени облини на задникот имаат пониско ниво на холестерол и успешно произведување на хормони кои го контролираат нивото на шеќер.

 

Научниците од Универзитетот Оксфорд открија дека жените со голем задник се во просек поинтелигентни и отпорни на хронични заболувања. Имено, според сево ова дамите со изразена задница имаат  помали шанси да заболат од дијабетис или срцеви заболувања.

Поголемиот задник значи вишок на омега 3 масти, за кои е докажано дека се катализатори на мозочниот развој. Притоа, децата чии што мајки имаат изразен задник се поинтелигентни од децата на слаби мајки.

Научниот тим анализираше податоци од 16.000 жени.

Професорот Константин Манопулос, лидерот на студијата, заклучува дека жените со повеќе сало на задникот имаат помало ниво на холестерол и глукози во организмот. Исто така, тие имаат и поголемо ниво на лептини, хормони кои се одговорни за регулирање на телесната тежина и динопектин, хормон кој има антиинфламаторно дејство, а делуваат заштитно и кон васкулариот систем.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Слична студија е изведена на универзитетот во Калифорнија и Питсбург, чии што резултати покажаа дека овие жени живеат подолго.

- Реклама -