5 нешта што не сте ги знаеле за женската мастурбација

Жените се далеку позатворени кога станува збор за нивното самозадоволување. Ретко кои жени би поразговарале со најблиската пријателка за најдобрите вибратори или за тоа колку е помал стресот кога се применува овој начин на задоволување…

1. „Нормалната“ мастурбација кај жените се јавува во многу форми

Според истражувањата, повеќето жени, како и мажите, мастурбирале барем еднаш во својот живот. Кај секоја жена зачестеноста на мастурбациите е различна и не постои „нормална“ бројка. Нема „нормална“ бројка ниту во случајот на возраста.

Жените можеби се чувствуваат виновни за ова, посебно ако се во сериозна врска, но нема потреба да се чувствува вина, велат сексолозите. Понекогаш партнерот може да е уморен, на пат или пак поради нешто друго да е недостапен. Но, тоа не значи дека жената треба да ги потиснува своите желби.

Нема само еден начин на мастурбација кај жените што се смета за нормален, многу начини се „нормални“. Прстите и вибраторите се вообичаени методи што жените ги употребуваат. Според едно истражување, од 2.000 жени, повеќе од половина, на возраст од 18 до 60, користеле вибратор за време на мастурбација или за време на однос.

Некои жени пак велат дека го користат задниот дел од четкичката за заби што работи на вибрации, рачката на чешелот или пак млазови вода од тушот. Иако според некои експерти, употребата на вибратор може да доведе до болка или трпнење, многу малку жени се жалат од тоа.

Според други експерти, прекумерната употреба на вибратор може да доведе до нечувствителност при однос со партнерот. Тие веруваат дека претераната употреба на вибратор може да го навикне телото на такви стимулации што човек не би можел да ги направи.

2. Мастурбацијата може да ви го подобри расположението – без обврските што се вообичаени при секс со партнер

Како и да се одлучи една жена да мастурбира, тоа го подобрува расположението. Експертите велат: „При самостојниот секс нема ништо што може да ви го одвлече вниманието и можете да се сконцентрирате на своето искуство без да се грижите дали на некој друг му е убаво“. Тоа не значи дека не си го сакате партнерот туку дека понекогаш ви е потребно да мислите само на себе. „Жената не мора постојано да размислува: Да не ми треба многу време?“ велат експертите.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

3. Мастурбацијата може да ви го подобри сексуалниот живот со партнерот

Жените што редовно мастурбираат дознаваат што им причинува задоволство. Според некои експерти со тоа се добива повеќе самодоверба и помага при водењето на партнерот низ сексуалниот однос. Можете да му кажете „стави ја тука раката“ без да се засрамите.

Жените кои користат вибратор многу подобро функционираат со партнерот. Сексолозите препорачуваат мастурбација за оние жени кои потешко постигнуваат оргазам. Тоа може да им помогне да си го запознаат телото и да се чувствуваат помалку нервозни. Знаеме дека на жените им е потешко да дојдат до оргазам отколку на мажите. Мастурбацијата може да помогне, а мастурбацијата со вибратор може да помогне уште повеќе.

„Користењето вибратор им помага на жените да доживеат оргазам“ велат експертите. Тие што употребувале вибратор, дури и цела година по неговата последна употреба имаат подобар секс во поглед на влажнење, сексуална желба, возбуденост и оргазам и имаат помала болка за време на односот.

4. Мастурбацијата ви помага да се опуштите

Жените имаат поголема склоност од мажите да седнат и да почнат да размислуваат: „Како можев ова да го направам подобро?“. Тие многу повеќе размислуваат за лоша случка или караница што им се случила. Сето тоа носи повеќе стрес. Овој вид размислување се поврзува со многу истражувања за депресија. Ако почнете да се самозадоволувате, тоа може да го прекине ваквото размислување. Не целосно, но може да помогне.

5. Мастурбацијата може да ве ослободи од болката

Жените што мастурбираат велат дека тоа им ги олеснува менструалните болки и ги подобрува симптомите на предменструалниот синдром, како што се нервозата и раздразливоста. Мастурбацијата со оргазам може да ве ослободи и од мигрена. Според некои истражувања, иако оргазмот може понекогаш да ја предизвика главоболката, може исто така и да ја намали,. Научниците велат дека некој фактор кој е поврзан со оргазмот може да ја потисне болката или пак целосно да го потисне процесот на мигрена.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -