Најчести женски грешки на почетокот од врската

Вие сте родени еден за друг, уште од првиот ден знаете дека тој е вистинскиот избор и без сомнение се впуштате во авантурите на новата врска. Но, не брзајте…

Секс уште на самиот почеток на врската

Ова е голема грешка. Не постои пишано правило колку треба да чекате за да имате секс, но првите неколку состаноци сигурно не се време за сексуални авантури. Според истражувањата, дури две третини од мажите на кои партнерката им овожможила сексуално уживање на првиот или вториот состанок откако ја започнале врската, губат интерес. Затоа бидете малку таинствени и мистериозни.

Шпиунажа

Ова е нешто што скоро секој маж го мрази, односно секојдневното чепкање по телефонот, барање на лозинката од електронската пошта или фејсбук и постојано чепкање по неговите работи. Ова не смеете да го правите. Покажете му дека имате доверба во него, дури и кога тој очекува дека ќе сакате да ја видите пораката која штотуку му пристигнала, вие поверувајте му без да ја погледнете. Со тоа тој ќе сфати дека до себе има личност која му верува и уште на почетокот ќе ги препознае вашите квалитети и разликата помеѓу вас и неговите поранешни девојки.

Запоставување на изгледот кога сте заедно

Можеби сметате дека тој ве познава и дека не треба посебно да се подготвувате кога ќе излегувате со него. Сепак тука грешите. Секогаш треба максимално да внимавате на изгледот на секоја наредна средба, особено на почетокот на врската. Со тоа ќе му покажете дека сакате да му бидете убава, а не само во моментите кога заедно треба да одите на забава или во друштво. Секогаш изненадете го со својот нов стил и изглед, тоа правилно и сигурно ќе ги зацврсти темелите на вашата врска.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Претерувате со ѕвонење и праќање пораки

Секако дека треба често да комуницирате со него и да му испраќате некоја кратка или романтична порака. Сепак немојте да претерувате. Немојте да бидете здодевни уште на самиот почеток. Оставете му простор, тој треба да сфати дека вие не сте како другите и дека имате разбирање за неговата потреба за слобода.

Очекувате тој да се промени

Многу често влегувате во врска со голема амбиција, но уште на самиот почеток сфаќате дека било грешка. Разделете се пред да има какви било спомени или ситуации заедно. Немојте да чекате да се промени. Тој не може да се промени темелно и доколку сфатите дека сепак тој не е тип кој вас ви одговара, подобро на време да се тргнете од мечот пред тој да остави лузни на вас.

Објавено во сорботка со За Здрајве.

- Реклама -