Зголемете си го мозокот

мозокВозрасни лица можат значително да го засилат капацитетот на нивниот мозок со само два часа поминати во решавање на едноставни задачи кои се наменети за бебиња. Научниците претходно мислеа дека е невозможно да се „зголеми“ мозокот за кратко време.

Но токму ова им успеало на возрасни луѓе на кои им биле дадени едноставни задачи кои би можеле да бидат решени од бебе. Откритието би можело да овозможи голем број нови третмани за болести на мозокот за кои докторите претходно мислеа дека се неизлечливи. „Откритието наведува кон заклучок дека мозокот на возрасен човек е многу поеластичен отколку што претходно мислевме“ изјавил Ли-Хаи Тан од Универзитетот од Хонг Конг.

„Многу сме возбудени од откритието бидејќи мислиме дека нуди надеж за возрасни луѓе кои страдаат од пречки во менталниот развој. Со соодветни стратегии за интервенција, возрасните мозоци би можеле брзо да ја развијат структурата потребна за учење на нови таленти. Ова ќе биде добредојдено олеснување за многу фамилии.“

Научниците долго време знаат дека детските мозоци можат брзо да растат. Во последните неколку години студии дошле до заклучок дека мозокот на возрасни лица е сè уште релативно флексибилен и може да ја зголеми сивата материја по неколку неделно учење. Но никогаш претходно докторите не знаеле дека човечкиот мозок може да биде „напумпан“ за олку кратко време.

Во експериментот, возрасни доброволци добиле четири карти во боја и од нив било било побарано да ги повразт картите со случајни зборови. Задачите биле исти како процесите низ кои минуваат бебињата кога учат да асоцираат зборови со предмети. Од доброволците потоа било побарано да ги прифатат случајните зборови како опис за боите.

Прочитајте и:  Што вели науката: Дали хималајската сол е измама?

Тие морале да ги меморизираат за да можат да одговорат со соодветната боја кога подоцна било побарано од нив да ја поврзат со описите. Задачите биле распределени во текот на три дена, но вкупното време поминато во учење се свело на само еден час и 48 минути. Истражувачите потоа ги скенирале доброволците со помош на магнетна резонанса по што откриле дека нова сива маса била формирана во левата половина од нивните мозоци.

Сè уште не е јасно дали новата маса била составена од нови невронски формации или се работи за дендрити (гранки). Оригиналната цел на експериментот била да открие дали луѓето различно го гледаат светот во зависност од јазикот кој го говорат. Иако тоа прашање не било одговорено, резултатите би можеле да им помогнат на милиони луѓе кои имаат проблеми со учењето. „Многу бевме изненадени, едноставно не верувавме – структурата на мозокот кај возрасен човек се менува толку брзо“ додал Тан. [Adults can boost their brain in under two hours by learning like a baby]

- Реклама -