Зголемете си ја енергијата со кафе

кофеинКофеинот може да биде одличен доколку го додадете на вашето загревање пред вежбање бидејќи го одложува заморувањето на мускулите и ви помага да останете фокусирани. Но сепак, не претерувајте бидејќи можете да си создадете проблеми во спиењето, главоболки, висок крвен притисок, неправилна работа на срцето, па дури и срцев удар.

Кофеинот може да биде одличен доколку го додадете на вашето загревање пред вежбање бидејќи го одложува заморувањето на мускулите и ви помага да останете фокусирани. Но сепак, не претерувајте бидејќи можете да си создадете проблеми во спиењето, главоболки, висок крвен притисок, неправилна работа на срцето, па дури и срцев удар.

кофеинСледете го телото

Поголемите луѓе имаат поголема количина на метабоилички активни ткива па им треба поголема доза. Груба препорака за тоа колку кофеин ви треба пред вежбање е 1 до 2.8 милиграми за секој килограм телесна тежина. Кафето содржи околу 20 милиграми кофеин во 30 милилитри, што значи дека една чаша кафе содржи околу 160 милиграми во 2,5 децилитри. Ако конзумирате над 8 милиграми по килограм, ризикувате дигестивни проблеми, треперење на мускулите и слични непријатни последици.

Знајте си ја мерката

Раководењето според телесната тежина не ја предвидува вашата лична толеранција. Ако не пиете многу кафе, тогаш и помала доза може да го има истиот ефект. За оние кои тренираат за маратон или слична напорна активност се препорачува избегнување кафе, чај, сокови, енергетски чоколади и други производи кои содржат кофеин со што се подобрува спиењето се намалува нивото на кортисол во крвта и се зголемува осетливоста на кофеин.

Внимавајте на времето

Ако кафето е пресметано во вашиот распоред за вежбање, испијте го половина до еден час пред да започнете. На тој начин нивото на кофеин во крвта ќе ви биде на оптимално ниво.

Дополнително гориво

Пиење само кафе не е доволно. Ако со вашето кафе изедете кифла со крем ја добивате течноста што ви е потребна за хидрација, како и јаглехидрати, шеќери и натриум потребни за мускулите. На овој начин се намалува ризикот од грчеви.

Не се плашете од дехидрација

Вашето тело страда од премногу кафе зашто губи премногу течности бидејќи кофеинот е диуретик – ова верување е погрешно. Поради ваквото верување, оние кои пијат кафе имаат тенденција да компензираат со пиење многу вода, што придонесува кон почестите посети на тоалетот.

- Реклама -