Жан Тод планира да воведе електрични возила

Жан ТодПретседателот на FIA, Жан Тод, изјавил дека неговата организација планира да воведе нови тркачки категории за електрични автомобили, картинзи и едноседи, кои би можеле со текот на времето да прераснат во F1 натпреварување за електрични автомобили.

„Сакаме што е можно поскоро да имаме нови категории со нова енергија“ изјавил Тод. Првата сезона за електрични возила би можела да се одржи уште во 2013 година. Но Тод не планира делумно воведување на новата технологија. Тој предвидува истовремено претставување на новото натпреварување во целиот свет. „Доколку може да се направи во целиот свет, ќе го направиме во целиот свет.“

Тод разговарал за предлогот со Антонио Тахани, комисионер за индустрија во Европската Унија, кој сака земјите членови на Европската Унија да го поттикнуваат користењето на електрични возила. Проектот е дел од поширокиот план на Тод да ги поттикне тимовите да воведат хибридна и електрична технологија, и да го употреби F1 натпреварувањето за да го зголеми ентузијазмот за зелена енергија.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

  Берни Еклстон, кој веќе се спротиставува на планот на Тод за воведување хибридни мотори во F1 од сезоната 2013, најверојатно ќе се спротистави и на новиот предлог на Тод. Тод прифаќа дека единствен начин на кој ќе успее да ги убеди тимовите да прифатат нова технологија е ако постојат видливи бенефити во поглед на брзина.

„Членовите на тркачката зедница се интересираат само за начини за подобрување на перформансите бидејќи сакаат да победат“ додал Тод. Shelby Ultimate Aero EV, најбрзиот електричен автомобил во моментов, има забрзување од 0-100 километри на час за само 2,5 секунди, околу една секунда поспоро од F1 болидите. [FIA president Jean Todt and EU commissioner keen to set up new electric Formula One championship]

- Реклама -