Пред да продолжите да читате, знајте дека влегувате на територија каде што невините детски спомени и детето во вас не баш добро се снаоѓаат…![12-flavor-gummi-bears_7[1]](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/12-flavor-gummi-bears_71.jpg)
И покрај привлечните форми и бои, гумените бонбони не се така невини како што изгледаат. Како што веројатно добро знаете, нивната главна состојка е желатинот. Е тој, желатинот, се прави главно од животинска кожа и коски. Да, со други зборови, гумените бонбони се всушност мелени остатоци од животни, сварени хемикалии и тони и тони шеќер. А колку и да звучи одвратно, изгледа уште поодвратно.
Следниов хорор мини документарен филм е дело на белгиската фриленс режисерка и новинарка – Алина Книпкенс. Видеото го следи целиот процес на производство на гумена бонбона без да ги цензурира непријатните делови, но во обратен редослед: од слатко шеќерно задоволство до лош вкус во устата – вкус на заклана свиња.
Пред комплетно да се откажете од гумените бонбони, знајте само дека не е сé црно. Постојат вегетаријански варијанти, со „желатин“ кој се прави од морски алги.
![12-flavor-gummi-bears_7[1]](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2016/09/12-flavor-gummi-bears_71-640x426.jpg)



