Жељко Јоксимовиќ ќе има концерт во Охрид

Познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ на 17-ти јануари, ќе одржи концерт во спортската сала „Билјанини извори“, информирала денеска Локалната самоуправа на градот, пренесува OhridNews.

Концертот на Јоксимовиќ, ќе биде дел од одбележувањето на големиот верски празник Богојавление – Водици.

Покрај концертот на Јоксимовиќ, одбележувањето на Водици кое за прв пат оваа година ќе се случува четири дена, ќе биде збогатено со низа други културни настани. Na 18- ти јануари најавен е настап на хорот „Злата Мегленска“ или на ансамблот „Танец“. Централната прослава на празникот со црковни обичаи ќе се одржи во недела, 19-ти јануари, кога ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро и ќе биде фрлен чесниот крст.

На 20-ти јануари, понеделник, ќе биде одбележан Денот на рибарите. Предвидено е и оваа година да се приготви рибна чорба за сите посетители на манифестацијата.

- Реклама -