Жените ги обвинуваат модерните гаџети за нивниот сиромашен сексуален живот

mobile_1628670cМодерните гаџети како Blackberry и iPhone го уништуваат сексуалните животи на жените, бидејќи нивните партнери се премногу деконцентрирани во спалната соба.


couple_in_bed_with_laptopМодерните гаџети како Blackberry и iPhone го уништуваат сексуалните животи на жените, бидејќи нивните партнери се премногу деконцентрирани во спалната соба.

Повеќе од четвртина од жените (28%) тврдат дека електронската пошта и интернетот им сметаат во нивниот љубовен живот, со тоа што за најголеми виновници се посочуваат модерните мобилни гаџети како Blackberry и iPhone. Како други фактори кои ја нарушуваат интимноста на партнерите се посочуваат долгото работно време (посочено од 55% од жените), замор (83%) и преголемата зафатеност (74%). Истражувањето кое го направи фармацевтската компанија Bayer исто така покажа дека жените се чувствуваат најсекси во своите 30-ти, додека најмногу сексуални односи имаат во 20-тите години.

Една на десет жени вели дека стравот од забременување ја инхибира во спалната соба, додека една од пет жени признава дека не користи редовно контрацептивни средства. Истражувањето откри дека просечните Британки имаат секс 1.4 пати неделно, но 6 од 10 жени на возраст од 25-34 години би сакале нивниот сексуален живот да биде поактивен. 51% од жените веруваат дека го достигнуваат врвот на сексуалниот живот во нивните 30-ти години, но 66% велат дека најмногу секс имале во нивните 20-ти.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Две од три жени (65%) мислат дека нивните партнери не се трудат доволно во кревет, а сепак една на три жени никогаш не иницира секс и секогаш остава нивните партнери да го направат првиот чекор. 4 од 10 жени велат дека доволнo е само комплимент за да ги расположи за секс, додека една на три жени вели дека доколку имаат повеќе време за себеси тоа ќе го стимулира нивниот сексуален живот. Повеќе од третина од жените велат дека не се почувствувале секси речиси еден месец, додека 14% изјавиле дека никогаш не се почувствувале секси. [Women blame BlackBerrys and iPhones for poor sex life]

- Реклама -