Едно неодамнешно британско истражување покажало дека жените се многу поекономични со што е срушен митот дека понежниот пол ја троши платата до последниот денар.
Всушност, жените се многу повнимателни во однос на трошењето на финансиските средства и поодговорни кон заштедите за полоши времиња.
Според статистиката речиси секоја Британка троши околу 60% од вкупниот месечен доход, а другиот дел го штеди на банкарската сметка или како готовина во домашни услови.
Мажите трошат повеќе од 75% од доходот, останатата четвртина ја заштедуваат.
Според горенаведеното, една средновечна жена има заштеда за околу 850 долари повисока отколку маж на иста возраст и иста плата.
Истражувањето, исто така, покажало дека жителите на големите градови имаат помала заштеда за разлика од жителите на помалите провинциски градови.
Истражувањето, освен во Велика Британија било спроведено и во неколку други земји на територијата на Европа и се однесува на поголем дел од европската популација.