Жените треба да си знаат кај им е местото

confident-overweight-woman-walking-the-city-street[1]

Според Светскиот економски форум, 85% од земјите ги подобруваат условите во кои живеат жените во последните шест години, но со оглед на економијата и политиката, треба да се изоди уште многу пат.

„Од Лондон до Лахор, нееднаквоста помеѓу мажите и жените е сé уште запазена”, коментира The Independent. Затоа, списанието ги наведува најдобрите места да се биде жена во денешницата.

Најдоброто место да си жена – Исланд

Исланд најдобро балансира помеѓу мажите и жените, што се однесува до политиката, образованието, работата и здравјето. Во овој поглед, Британија ја зазема 16-тата позиција, со пад од едно место од 2010 година. Најлошото место да си жена е Јемен, а најопасното – Авганистан.

Најдоброто место да си политичарка – Руанда

Руанда е единствената нација во која жените го сочинуваат мнозинството во парламентот. 45 од 80 од местата се зафатени од жените. Велика Британија е на 45-то место, по Пакистан и Обединетите Арапски Емирати. Меѓу најлошите места за една жена да биде политичар се Саудиска Арабија, Јемен, Катар, Оман и Белизе, каде жени во парламентот нема.

Најдоброто место да си мајка – Норвешка

Норвешка е прва по најнискиот степен на смртност кај родилките – една на 7.600 мајки умира. Во Норвешка голем процент жени се квалификувани за породилна помош. Британија се рангира на 13-тото место. Најнеповолна земја, во однос на мајчинството, се покажува Авганистан, каде шансите една жена да почине за време на породувањето се барем 200 пати поголеми, отколку тоа да се случи од бомба или од куршум.

Најдоброто место да читаш и пишуваш – Лесото

Писменоста кај жените е на особено високо ниво во Лесото и ја надминува онаа кај мажите. 95% од жените знаат да читаат и пишуваат, додека само 83% од мажите поседуваат такви вештини. Велика Британија е на 21-то место по писменоста, а најлошата земја е Етиопија, каде само 18% од жените знаат да читаат и пишуваат, за разлика од 42% кај мажите.

Најдоброто место да бидеш на чело на државата – Шри Ланка

Шри Ланка била управувана од жени во текот на 23 години. Велика Британија е на седмото место, додека постојат повеќе од десетина земји, вклучувајќи ги Шпанија и Шведска, кои никогаш немале жена на претседателското место.

Најдоброто место да работиш во сферата на уметноста – Шведска

Шведскиот совет за уметности лансираше иницијативи со цел подобрување на сексуалната еднаквост во областа на уметноста. Шведскиот филмски институт издаде официјален став дека филмските продукции треба да бидат дистрибуирани еднакво помеѓу мажите и жените, и воведе одредени квоти за жените во филмските продукции. Во Велика Британија само 6 проценти од филмските режисери и 12 проценти од сценаристите се жени.

Најдоброто место да си шефица – Тајланд

Процентот на жените во вишиот менаџмент е највисок (45%) во Тајланд. Велика Британија не се рангира меѓу првите 20 земји, со само 23% женско присуство во повисоките раководни нивоа. Најмалку жени во вишиот менаџмент има во Јапонија, каде дури 92% од високите позиции се држени од мажи.

Најдоброто место за учество во економијата – Бахамите

Бахамите ја држат врвната позиција, на глобален план, што се однесува до можноста за учество на жените во економијата. Британија е на 33-тото место. Бахамите ја пополнија родовата празнина со 91% за последните шест години, додека најниско рангирана земја е Јемен, која пополни само 32% од својот економски родов јаз, за истиот период.

Најдоброто место да си новинарка – Карибите

Карибите се регионот со највисок процент на учество на жените во телевизијата, печатот и радиото (45%). Најнеповолен регион во овој поглед е Африка (30%). Во Европа учеството на жените во медиумите е околу 35%. Во Велика Британија, околу 9% од уредниците во националниот печат  се жени.

Најдоброто место за правење пари – Луксембург

Луксембург го дели врвот со Норвешка, за место каде што една жена може да генерира најмногу приходи. Велика Британија се наоѓа на 23-то место, додека најмалку пари заработуваат жените во Саудиска Арабија.

Најдоброто место за обука во високообразовна институција – Катар

Во Катар шест жени на еден маж се запишуваат да учат на универзитет. Останува прашањето дали нивната инвестиција во образованието доведе до интеграцијата на жените во економијата. Велика Британија се наоѓа на 38-то место, а најлошото место за високо образование е Чад, каде мажите кои се запишуваат на универзитет ги има три пати повеќе од жените.

Најдоброто место за долг живот – Јапонија

Жените во Јапонија живеат најдолго (87 г.), во просек седум години повеќе од мажите. Најкраток е животот на жените во Лесото (48 г.), но таму и мажите не можат да се пофалат со долговечност – живеат само 2 години подолго. Во Велика Британија просечниот животен век кај мажите е 78 години, а кај жените 82 години.

Најдоброто место за слободно време – Данска

Жените во Данска трошат 57 минути дневно повеќе во завршување на неплатена работа, отколку мажите. Британките работат (неплатена работа) два часа повеќе дневно од мажите, а Мексиканките поминуваат дури 4 часа и 21 минути повеќе од мажите – во неплатена работа.

Најдоброто место да бидеш спортистка – САД

Во 2011 година, пет од 10-те највисоко платени жени-атлети се од САД. Саудиска Арабија никогаш нема испратено жена-спортист на Олимписките игри и го забранува спортот за жените во државните училишта.

Најдоброто место за висококвалификувана работа – Јамајка

Во Јамајка највисок процент жени го аплицираат висококвалификуваниот труд во областа на законодавството и вишиот менаџмент. Речиси 60% од овие функции се извршувани од жени. Велика Британија се наоѓа на 35-тото место, а Јемен е на последното, каде само 2% од жените поседуваат високи професии.

Најдоброто место да го оставиш сопругот – Гуам

Најголемиот од Маријанските Острови – Гуам, може да се пофали со највисок процент на разводи во светот. Гватемала – со најнизок. Бројот на разводи во Англија и Велс, во 2010 година, порасна за 4.9% во однос на 2009 година.

- Реклама -