Жените во Исламот (и заблудите на Западот)

women-in-islam[1]

Улогата на жените во исламското општество е многу дискутирана, а и критикувана на Западот. Дел од овој критицизам се должи на лоша информираност, што пак води до недоразбирања и конфликти што инаку можат да бидат избегнати. Што всушност е улогата на жената во Исламот? Накратко, варира од општество до општество, што е и сосема очекувано во религија со 1.7 милијарда верници.

Зошто постои шеријатот 

islam-women-kabaa[1]

Првото нешто што треба да се знае за исламските правила околу жените е тоа дека се голем чекор напред од ситуацијата пред нив. Пре-исламска Арабија беше диво и хаотично место: Женските деца беа рутински закопувани живи, а правилата за бракот, семејниот живот и трговијата се менуваа на секои неколку километри. Мноштвото од религии и локални обичаи направија хаос од локалната култура, а единствениот начин да се знае што е дозволено, а што не, беше човек да отиде на лице место, и да ризикува за да се увери.

Подемот на Шарија во 7-от век го смени сето тоа и наметна (теоретски) стандарден сет од правила по кој сите (муслимани) треба да живеат. Под овој систем, кој е опишан и во Куранот и во илјадниците Хадити, сите луѓе се опишани од перспектива на Алах и се подложени на еден закон, а верниците во Исламот се морално супериорни во однос на христијаните и Евреите, кои пак се супериорни кон паганите и атеистите.

Муслиманите се опишани во два основни аспекта: спиритуален и привремен, со тоа што мажите и жените се спиритуално еднакви пред Алах. Еднакви, но не идентични – улогите на секој од половите се строго дефинирани во шеријатот, и се строго спроведувани во места каде се практикува исламска вероисповед.

За разлика од пре-исламската мешаница, Шарија овозможува голема заштита за жените и децата, кои претходно беа на милост и немилост на било кој маж со најголема сабја. До овој ден, шеријатот е привлечен за земјите во кои има избувнато анархијата, како во Сомалија, баш заради поредокот и стабилноста што ги ветува.

Што се случува со муслиманските жени во бракот 

islam-women-iranian-family[1]

Исламскиот закон го третира бракот како пренос на старателството врз жената од нејзиниот татко – кон нејзиниот сопруг. Во либералните муслимански заедници, ова е главно само формалност, но во конзервативните места како Иран, зависноста на жената многу сериозно се зема во предвид кога се склопуваат брачните договори. Договорите, пак, обично ги преговараат таткото на девојката и нејзиниот иден сопруг.

За време на овие преговори се пеглаат деталите околу миразот и условите при евентуалниот развод. Во суштина, брачниот папир функционира и како предбрачен договор кој е гарантиран од исламски судија.

Не постојат доволно зборови што можат да му послужат на Исламот за да ја искаже својата љубов кон бракот. И во Куранот и во Хадитите, на мажите и жените се гледа како на сопрузи и сопруги, а улогата што од двајцата се очекува да ја играат е многу јасно дефинирана. Секоја страна си има свои должности, а нивна замена е речиси нечуено. Жените се одговорни за домот и семејството, и дефинитивно се мажат во „кланот“ на сопругот и стануваат дел од таа фамилија. Сопрузите, пак, се „јавното“ лице на семејството, и имаат задача да овозможат чесна живеачка и „да подигнат храна до лицето на сопругата“.

Додека за амбициозните жени ова звучи како ______ (пополни по избор: хорор, затвор итн.), намерата е јасна: да се создаде безбедна средина каде на жената што носи/има дете ќе ѝ биде обезбедено засолниште, храна и заштита.

Каде и зошто постои нееднаквост за жените во Исламот

islam-women-girl-rail[1]

Кога на две групи на луѓе ќе им се дадат две радикално различни работи, системот е осуден на тоа да му се провлече помала или поголема нееднаквост. Исламот не е исклучок. Во Куранот, мажите се опишани како „степен над“ жените, во смисла на законите, религијата и општеството.

Сопрузите се инструкторите и супервизорите на нивните сопруги. Жената го контролира домот, но нејзиниот сопруг има конечен збор околу речиси сé. Ама мажите исто така сносат и одговорност за постапките на нивните сопруги, и кога го нарушиле законот, и кога ги прекршиле општествените норми.

Со оглед на тоа што мажите се одговорни за финансиската издршка на фамилијата, тие наследуваат двојно повеќе од жените, а бидејќи сопрузите се одговорни и за безбедноста на нивните сопруги, тие имаат и делумен авторитет во контролата на постапките на жената.

Во повеќето случаи, ова се сведува на тоа дека жената има должност да му даде до знаење на сопругот каде оди кога ја напушта куќата, но оние многу рестриктивните општества, како Авганистан и Саудиска Арабија, го носат правилото до таков екстрем што жените мораат да бидат придружувани од близок маж (сопругот, брат, татко, роднина) преку целото време кога се надвор од домот. Во Саудиска Арабија, владата дури автоматски праќа СМС на сопругот или таткото на жената кога жената или ќерката се обидува да ја напушти земјата.

Зошто Исламот е толку примамлив за секојдневниот живот 

women-standing[1]

За разлика од Христијанството, кое воглавно се однесува на спиритуалниот живот, Исламот зборува во секоја сфера од човекото постоење. Исламот има правила за трговска размена и за позајмување на пари, за тоа кога да се молиш и кога да се миеш, има дрес код и пропишува која рака да ја користиш кога се бришеш (миеш) после нужда (левата).

Додека некои исламски учители очигледно се имаат занесено во правилата, муслимаините воглавно им пристапуваат на светите книги со истиот флексибилен став кој го негуваат и христијаните и Евреите во нивните религии. Ова води до големи варијации во праксата, особено што локалните обичаи и те како влијаат на интерпретацијата на оваа или онаа заедница на Шарија.

Ова ќе му дојде како примерот со Американците кои веруваат дека Исус ја казнува приватната сопственост или поседувањето на оружје. Ако ги прашате каде во Библијата пишува дека контрацепцијата и планирањето на семејството е погрешна, нема да добиете одговор; тоа е само „племенски“ став кој со текот на времето и преку неколку генерации добил лик на религиозно учење.

Пораката на исламското право е испратена на ист начин. Нема ништо во Куранот за тоа дека жените мораат да бидат покриени од глава до пети, на пример, а и многу од трационалните муслимански општества во Африка се чини супер си функционираат и без тоа.

Но во Авганистан, Саудиска Арабија и Иран, може да е опасно за жените да не покријат дел од себе. Приказните за исламисти кои им фрлаат киселина во лицата на непокриените жени се многу вистинити и многу чести, а некои во Саудиска Арабија и Иран редовно ги малтретираат и понекогаш апсат жените кои го прекршуваат пропишаниот „исламски“ дрес код.

дрескод

Иронично, никој не изгледа дека се согласува околу тоа како овој задолжителен дрес код треба да изгледа. „Најлесните“ се дупатата и хиџабот кои се носат како шалови околу косата и вратот, но не и преку лицето. Иранските жени често носат „чадор“, што е како голема црна наметка што оди од косата до зглобовите и ја држи затворена во предниот дел жената што ја носи, со раце, оставајќи го лицето изложено. Никабот и абајата, од друга страна, кога се носат заедно, комплетно го покриваат женското тело и оставаат само мал процеп за очите. Оваа комбинација обично ја носат жените со висок статус од земјите во Заливот. Бурката, во меѓувреме, покрива комплетно сé и остава простор за видот само преку мало парче мрежа пред лицето. Овој стил може да е, а може и да не е популарен во Авганистан – тешко е да се каже дали е по желба или наметнат, бидејќи таму никој не ги прашува жените за мислење.

Зошто исламските жени страдаат пред судовите 

islam-women-taliban-flogging[1]

Легалната немоќ на жените во Исламот е главната точка за која се загрижени западњаците. Какви и да се локалните обичаи, и колку и да се незатегнати локалните интерпретации на Исламот, муслиманските жени се во изразита подредена ситуација во речиси секое судење пред исламски судија.

Додека законот на мажената жена ѝ овозможува грижа и прехрана, исто така поставува и правила за тоа кога, зошто и колку сопругот смее да ја тепа. За сведоци при брачните договори, на пример, можат да бидат земени двајца мажи, или еден маж и две жени (сведоштвото на жените е вредно половина од тоа на мажот).

Кога се работи за криминалот, жените жртви на силување најчесто мораат да обезбедат четворица машки сведоци на настанот, или во спротивно се обвинети за лажни обвиненија. Ако на жена ѝ е досудена смртна казна заради некој криминал, шеријатот ѝ дозволува „спасител“, под услов таа да е девица. Затоа некои ирански затворски стражари „се женат“ со таквите девојки, токму на ноќта пред нивните егзекуции. Според еден таков чувар:

„Можев да видам дека девојките беа поисплашени од нивните ‘брачни ноќи’ отколку од егзекуциите што ги чекаа утрото. И секогаш возвраќаа со борба, па моравме да им ставаме апчиња за спиење во храната. До утрото, девојките веќе ќе имаа празни изрази; се чинеше како да се подготвени или сакаат да умрат“.

По егзекуцијата, која може да биде извршена по неколку недели или месеци поминати во изолација во затвор, фамилиите на девојките добиваат брачна потврда, за да знаат што се случило.

Дури и законот донесен со најдобри намери и со унифициран систем кој ги опфаќа, може да стане варварски во зависност од неговата примена и интерпретација. Жените во Исламот и официјално трпат дискриминација, подлежат на строги правила, и се заштитени и повеќе од отколку во западните норми, но спроведувањето на овие правила зависи од културата и структурите на моќта со кои овие жени се соочуваат. Жените во Исламот го имаат истиот непријател што го има човештвото: тиранијата.

- Реклама -