Жените во перименопауза се повеќе склони кон биполарно растројство


Жените имаат двојно поголема веројатност да развијат биполарно растројство во годините пред последниот период на менструација, покажа истражувањето објавено во списанието Nature Mental Health.

Експертите велат дека истражувањето како ова може да помогне да се предвиди индивидуалниот ризик од проблеми со менталното здравје во тој период, што „може да спаси живот“.

Перименопаузата настанува кога жената има симптоми на менопауза, како што се анксиозност, ноќно потење, промени во расположението или мозочна магла, но сепак има менструација.

Студијата на 128.294 жени од Обединетото Кралство, спроведена од истражувачи од Универзитетот Кардиф во соработка со Bipolar UK и UK Biobank, се фокусираше на четирите години околу нивниот последен период.

Се заклучува дека има 112 отсто зголемување на биполарните нарушувања за време на перименопаузата, додека појавата на големо депресивно растројство е зголемена за 30 отсто.

„Во мојата клиника открив дека некои жени, кои претходно живееле живот без сериозни проблеми со менталното здравје, развиле сериозни ментални болести околу времето на менопаузата. Чувствувам должност кон жените со кои работам. Сакав да им дадам одговори на нив и на другите жени зошто им се случи оваа страшна работа“,професорката Аријана Ди Флорио од Универзитетот во Кардиф.

Клер Долман, претставничка на Bipola UK додава: „Оваа студија е исклучително важна бидејќи првпат во многу голем примерок покажува дека транзицијата кон менопауза има мерливо влијание врз менталното здравје на жените“.

„Како жена со биполарно растројство која поминала низ менопауза, со нетрпение очекувам истражувачката заедница да ја препознае важноста на ова откритие. Студиите ќе ни овозможат да го предвидиме ризикот поединечна жена да се разболи неочекувано во овој период од животот. Тоа знаење може да спаси живот“, додава

Наодите од овва истражување би можеле да помогнат да се обезбеди дополнителна поддршка за жените кои „претходно биле оставени во темнина“, вели Ди Флорио.

- Реклама -