Женски оргазам: Мажите откриваат зошто го обожаваат тој момент

Моментот кога жената во текот на сексот губи контрола и сосема им се препушта на страстите, делува визбудливо врз мажите. Кога се вкочанува телото на жената во текот на оргазмот и кога на лицето го има „оној“ посебен израз, мажите уживаат во глетката.

Многу жени „умираат“ од желба да дознаат што се се врти во машката глава. Овој пат на нашиот секс – репертоар се женските оргазми и како мажите гледаат на нив.

На мажите им е навистина драго кога партнерката ќе доживее оргазам, а тоа го покажува и најновото устражување кое воедно носи и седум причини зошто посилниот пол толку го сака овој момент.

Се чувствуваат горди

Дали некогаш сте виделе маж, откако добил унапредување? Или откако неговиот омилен клуб ја освоил лигата? Тоа се оние моменти кога мажот е горд, ја држи главата горе, стои исправено… Мажите тоа чувство го сакаат и во спалната соба. Ако неговата партнерка доживее оргазам, се чувствува токму така.

Приватна претстава

Моментот кога жената губи контрола и се препушта на страста, делува возбудливо кај мажите. Кога телото на жената се вкочанува тоа е вистинското нешто – атој е единствениот кој има можност да ужива во сопственото шоу.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Страствени и гласни воздишки

Мажите, воглавно, имаат можност да слушнат зголемување на гласот на својата партнерка или кога е лута, или кога е задоволена. Второто се однесува на моментот на оргазмот.

Драго им е да знаат дека партнерката ужива како и тие

Мажите сакаат секој пат да ја задоволат својата партнерка. Иако знаат дека жената ужива во сексот и без оргазам, тоа не ја намалува нивната сконцентрираност на остварување на задачата.

Среќата на партнерката им е важна

мажите сакаат да ги направат среќни своите љубени, затоа често ги радуваат со некој подарок, интерен детал или романтична порака. Оргазмот е од сите тие работи најевтин и носи најголемо уживање.

Жената за време на оргазмот се претвора во секси камелеонка

Кога жената е сексуално возбудена и како од возбуда и се зголемува протокот на крв, женските образи се заруменуваат. Нејзиното лице тогаш го има оној посебен, сјаен изглед и на мажите тоа им е неодоливо.

Искрено, импресионирани се

На мажите повеќеструктурниот оргазам им е непознат, а фактот дек жените го можат тоа искуство, нив ги фасцинира.

- Реклама -