Живееле во подрум со години и чекале да дојде крајот на светот

Еден 25-годишен дечко кој имал долга коса, валкана брада и збунет изглед, застанал во локално кафуле во холандскиот град Руинерволд. Тој избега од блиската фарма  каде што живеел со својот татко и уште пет браќа и сестри кои биле помлади од него.

Тој му соопштил на келнерот дека семејството живеело во подрум веќе девет години, целосно изолирани од светот. Келнерот веднаш повикал полиција која пронашла скриени скали што водел кон подрумот зад плакарите во дневната соба.

Во затворената просторија полицијата ги пронашла и останатите членови од семејството.

Најмалото дете имало 16 години, а мајката никаде ја немало. Полицијата во вторникот објави на Твитер дека случајот е мистерија и сите опции се отворени.

„Мажот во својата градина садеше зеленчук и чуваше кози и гуски. Секој ден поминуваше со својот автомобил, секогаш беше љубезен и одпоздравуваше“, изјавил соседот.

Полицијата го уапсила 58- годишниот станар на имотот. Се уште  не е познато дали тој е татко на семејството или не, затоа што таткото наводно преживеал срцев удар пред неколку години и оттогаш е во кревет.

Полиција не сака да открива детали за целиот случај, како и да даде информации за  здравјето на членовите на семејството.

- Реклама -