Животни лекции кои можете да ги научите од таткото

Life-Lessons-from-Dad-01-afЧитателите на магазинот Reader´s Digest ги споделија најдобрите животни лекции кои ги научиле од своите татковци. Така на едно место се најдоа корисни совети, искуство и животни мудрости. Ви пренесуваме дел од нив.


11-Life-Lessons-from-Dad-01-afЧитателите на магазинот Reader´s Digest ги споделија најдобрите животни лекции кои ги научиле од своите татковци. Така на едно место се најдоа корисни совети, искуство и животни мудрости. Ви пренесуваме дел од нив.

1. Ќе бидеш среќен ако оние вистинските пријатели можеш да ги наброиш на прстите од едната рака. А двајца од нив секогаш ќе бидат твоите родители.

2. Ако не можеш да се сетиш каде си паркирал, немој да возиш.

3. Биди толку силен за никој да не може да го наруши твојот мир, толку благороден за да можеш да го контролираш бесот и толку среќен да не доволиш проблемите да ти бидат пречка во животот.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

4. Немој да се жалиш бидејќи постојат луѓе на кои им е полошо од тебе.

5. Штеди ги парите, немој да бидеш лекомислен. Долгорочната корист се исплати многу повеќе од краткотрајното задоволство.

6. Никогаш не биди подлизурко. Покажи им на луѓето дека имаш самопочит.

7. Не може сѐ во животот да биде забавно.

8. Немој да правиш ништо што те прави несреќен и со што не се гордееш.

Која е најдобрата животна лекција која Вие сте ја добиле од вашиот татко?

- Реклама -