Животни што користат алатки (видеа)

Повеќе... Порано се мислеше дека користењето алатки е она што го разликува човекот од животните, сè додека не се покажа дека и некои животни се способни за тоа. Еве една компилација на најинтересни забележани алатки кои ги користат животните.

Порано се мислеше дека користењето алатки е она го разликува човекот од
животните, сè додека не се покажа дека и некои животни се способни за
тоа. Еве една компилација на најинтересни забележани алатки кои ги
користат животните.

Самиот Чарлс Дарвин, кој напишал  „Животните кои ги направивме наши робови не сакаме да ги сметаме како еднакви на нас“, бил заинтригиран од феноменот на користење алатки во животинскиот свет, сугерирајќи дека тоа им овозможува на животните да ги надминат своите биолошки ограничувања. Во Потеклото на видовите, тој забележува дека слоновите користат гранки за да ги избркаат инсектите. Во чест на оваа забелешка, слоновите се први во оваа листа.

Слоновска матарка
elephant.jpg

Се покажа дека слоновите можат да бидат сликари , но уште поимпресивна е оваа нивна навика: откако ќе ископаат дупка за вода, слоновите ќе излупат кора од дрво, ќе го изџвакаат во форма на топка и со тоа ќе ја потполнат дупката. Откако после ќе ја покрие со песок, слонот има своја матарка во која водата е заштитена од испарување.

Кртовите користат маски за да  не вдишуваат нечистотиии додека копаат: 
{youtube}V_UDTzG-6Qo&eurl{/youtube}


Забележено е дека галебите ги отвораат школките такашто од голема височина ги фрлаат врз карпи за да се скршат, но египетскиот мршојад ги користи камењата како алатка за да го скрши јајцето од ној.

{youtube}C4Tm9QdI_eM&eurl{/youtube}

Утката користи мамка
burrowingowl2_2.gif

За да го намами своите омилени бумбари, утката собира измет и го сместува пред излезот на нивното живеалиште. Како и во повеќето случаеви со користењето на алатки во животинскиот свет, не е јасно дали утката реагира инстиктивно или свесно се користи со овој  трик.

Клукајдрвецот, сојката и новокаледонскиот гавран користат гранчиња кога ловат инсекти, но новокаледонскиот гавран е познат по својата неверојатна снаодливост, како што може да се види од видеото.

{youtube}Hf1BssuJAI0&eurl{/youtube}

Клубови за шимпанза

Како пионери во користењето алатки, шимпанзата се најрано забележани како користат прачки за да си уловат инсекти, кршат кокосови ореви со камен( што се покажа дека го прават веќе стотици години) и дека си прават чечкалици за заби. Но нивното најголем пронајдок познат до сега се најверојатно клубовите.

{youtube}bKpZUsRJWBg&eurl{/youtube}

Горила користи стапче
gorillawalking.jpg

Секој што пешачи ја знае вредноста на доброто стапче, очигледно тоа не му е непознато и на горилата. Во калливата шума во севeрно Конго, ова горила користи стапче за да ја тестира длабочината на водата и за да ја одржи рамнотежата додека поминува низ неа.

Делфин користи сунѓер за да лови
dolhinsponge.jpg

Големото семејство на делфини во Шарк Беј, Австралија се првите познати водени цицачи кои користат алaтки – сунѓери со помош на кои се маскираат и го дезиорентираат пленот.

- Реклама -