Животот на девојче пораснато во африканска пустина

 

Таа  јава  слон од 5 тони, кого да нарекува својот брат. Таа гушка  тигри и змии, сметајќи дека тие се нејзините  пријатели. Таа е женскиот Могли.

Но, во овој случај тоа не е само фиктивна, туку  целосно вистинска приказна …

Ви ја раскажуваме, низ онлајн прошетка.

Нејзиното име е Типи Дегре и е родена во Намибија од родители Французи, кои се занимаваат со фотографија.

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-2

Типи пораснала во Африка, а целото  детство го поминала играјќи  со дивите животни, наместо со деца.

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-3

Вклучувајќи лавови,  змии,  зебри, жирафи и крокодили!

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-4

За Типи сето тоа е повеќе од нормално, сепак тука нема други деца, па си игра со она што и е при рака.

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-5

„Немам многу пријатели тука. Тоа е така, затоа што никогаш не се сретнувам со други деца.  Животните се моите пријатели. “

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-6

Типи е единче на Силви Роберт и Алан Дегре.

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-7

Родителите кои го одгледуваат детето во овие нестандардни за повеќето од нас услови, објавуваат книга, вклучувајќи секвенца од  фотографии наречени „Типи од Африка”.

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-8

„Можноста да го растеме детето меѓу природата е повеќе од неверојатна! Таа беше едно многу среќно девојче – до 10 годишна возраст таа го помина целото време во дивината … “, вели за својата ќерка Силви.

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-9

Иако бевме малку скептични кон тоа како некој одлучил да откине од светот мало девојче, небаре нашиот став малку се менува гледајќи ја насмевката на ова дете на секоја слика …

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-10

Можеби не е потребно нашето дете да има паметен телефон, компјутер, куп розови кадифени играчки, туку почесто да ја допира  природата …

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-11

Втора главна предност на одгледување на дете меѓу дивините е дека никогаш нема да ви се пожали од недостатокот на домашни миленици …

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-16

Ако мислите дека Типи немала контакт со други луѓе, тогаш длабоко се лажете …

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-12

А во врска со спортот, секогаш можете да размислите за стрелаштво и мета во дрво.

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-13

Приказната за вистинскиот Могли може да развие многу дискусии, дали е добро да отсечете едно дете од цивилизираниот свет, за да порасне слободно меѓу природата, да го истражува животинскиот свет, занемарувајќи ги врниците луѓе. Да ужива  на зајдисонце и изгрејсонце, или е подобро да биде таму каде што има здравство, училишта и детски игралишта? 

real-life-mowgli-tippi-degre-african-wildlife-14

- Реклама -