Мери Елен Марк веќе не е со нас, но нејзините фотографии продолжуваат да живеат. Пред нејзината смрт во 2015 година, оваа фотографка успеала да го заврши финалниот опус и новата монографија за Aperture, Tiny- Streetwise Revisted. Како продолжување на проектот кој Марк го започнува во осумдесеттите години, на овие фотографии се снимени макроа, проститутки, бездомници, корисници на дрога и дилери од Сиетл и околината. Проектот го стеснува полето на интерес во моментот кога таа ја запознава Тајни (Ерин Чарлс), една тринаесетгодишна проститутка, која и раскажала за тоа колку ги сака дијамантите и фармата за коњи. За Марк, Тајни стана жариште на превирањата и интригите, составен дел на нејзината уметност.
Изложбата: Tiny: Streetwise Revisited, која беше поставена во Нортон музејот во Палм Бич, нуди избор на слики кои директно ја одразуваат долгата врска со Тајни. Нешто што започнува како портрет на едно мало девојченце со големи сништа, во текот на годините прераснува во живот кој се распаѓа поради дрогата, злоставувањето, десетте деца и други превирања.
Tiny: Streetwise Revisited, и како изложба и како публикација, претставува многу повеќе документација на општеството отколку убава уметност. Не се работи за среќна или инспиративна приказна, се работи за проклето добра приказна.